Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал. Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба.
„Според првичните информации со кои што располагаме пожарат настанал како последица на искри на пиротехнички средства кои што биле употребеи за светлосен ефект на концертот. Во моментот на активирање на ткн, прскалки, најверојано искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запаллива материја по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ час“ рече министерот Тошковски.
Тошковски кажа дека се истражуваат причините за пожарот во дискотеката и дека има приведено лица за случајот.
118 повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави Таравари.
На прашањето колку се во критична состојба рече дека не би сакал да шекулира „сега одиме на хирургија да добиеме информации“.
Беше прашан за болничките капацитети, особено поради реновирањето на КАРИЛ.
Секако дека има тука се и 8 септември и градска и клиничка во штип. Не почнавме со реновирање и нема да почнеме додека успешно не завршиме со оваа ситуација
Тој рече дека добил и повик од министерот за здравство на Бугарија за да понуди помош, но Таравари кажа дека засега нема потреба од странска помош.
А имаат и доволно крви единици и засега нема потреба од дополнителни.