riga market nesrekjaГлавната причина за падот на кровот на трговскиот центар е грешката во проценката на оптоварувањето на покривот , се наведува во извештајот, со што се поткреени и медиумските шпекулации дека градината и игралиштето на покривот вршеле притисок врз доградената, две години стара конструкција на објектот, пренесува АФП.

Другите две истраги, на владата на Летонија и на Градскиот совет на Рига се во тек, додека полицијат спроведува кривична истрага и денеска ги претресувала канцелариите на градежната компанија Ре&Ре која го градела објектот, како и другите супрмаркети од истиот синџир.