vozilo sumi45 – килограми месо од елен спакуван во најлонски вреќи, вчера доцна попладне кај местото викано Белска раскрсница, полицијата заедно со инспекторите за лов пронашле по претходна детална проверка во возилото марка Лада нива, сопственост на „Македонски шуми“, управувано од кочанчанецот, 48 – годишниот В.Ч.

По проверката и приведување на возачот, надлежните се упатиле до шумската куќичка во местото викано Пасаџиково. Во куќата го затекнале ловочуварот, 58 – годишниот В.М. од Кочани. При проверка, надлежните откриле 35 килограми месо од дива свиња, спакувано во најлон вреќи. Ловочуварот и возачот на џипот се приведени, а месото запленето.