57 лица поднеле барање за амнестија, рокот истекува на полноќ


За предметот за 27 април, поднеле барање за амнестија вкупно 27 од 33 лица. Дополнително, барања поднеле и 30 лица од Одделот за кривично полнолетни. Со тоа вкупната бројка на барања е 57 за настаните од 27 април.

До сега барање поднеле пратениците Крсто Муковски и Љупчо Димовски, Горан Ангелов-Ќосето, Иван Цветановски, Александар Василевски- Нинџа а според информации од одбраната на обвинетите амнестијата најверојатно ќе побараат и останатите обвинети пратеници Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, Горан Ѓошевски- Леви, Абдулфета Аљими член од собраниското обезбедување. На последното рочиште Јане Ченто и Игор Југ веќе се изјаснија дека не сакаат милост, туку ќе бараат правда.

Меѓу барателите на амнестија е и оперскиот пејач Игор Дурловски. Најголем дел од барањата или 25 испратени до Кривичен суд, стигнале од најобемниот процес кој се води против 33ца обвиенти за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Останатите се од другите случаи кои се водеа за 27ми април.

Законот беше објавен во четвртокот откако го потпиша претседателот на државата. Согласно законот амнестија нема за организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје како и службените лица кои ги пречекориле овластувањата.

Судот и обвинителството ќе имаат рок 5 дена за да одговорат кој ќе биде помилуван а кој не. За насилниот упад во собранието само двајца од 33та обвинети се товарат за поттикнување, останатите се обвинети за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок на државата. Меѓутоа амнестија можат да побараат и веќе осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, како и осудениот за нападот на министерката Радмила Шеќеринска.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1