7 дена притвор за 5 демонстранти од Ѓорче – останатите со казни од 700 евра


За петмина од 27-те приведени демонстранти во синоќешните протести во скопската населба Ѓорче Петров судија од претходна постапка им одредил 7 дена притвор .

ubistvo31Останатите приведени добиле прекршочни пријави и казна од по 700 евра . Министерството за внатрешни работи објави нови снимки од вчерашните протести.

МВР соопшти дека насилниците и хулиганите во Ѓорче Петров дојдоа да палат, кршат и каменуваат, а не мирно да го изразат револтот.

Поднесена е кривична пријава против осомничените Б.Н.(30) и З.М.(30) од Аеродром, Д.З.(35) од Бардовци, Д.П.(38) од Ѓорче Петров и Д.Н.(19) од Стајковци се товарат дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Казната предвидена во кривичниот закон за вкаво дело изнесува од 3 месеци до 3 години, додека за водачот на толпата предвидената казна затвор изнесува од 5 месеци до 5 години.

Против Д.П.(38) во периодот од 1996 година до 2010 година, се поднесени 4 кривични пријави и тоа за „самовластие“, „загрозување со опасно орудие“, „учество во толпа“ и „тешка кражба“. Против Д.Н.(19) минатата година е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Насилство“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1