Кога Џорџ Кирби и Дорин Лаки се венчаа во јуни, тој имаше 102, а таа 91 година. Со тоа станаа најстарите младенци во светот
Овие Британци се запознале во 1988 година и заедно живееле 25 години. Имаат седум деца, 15 внучиња и седум правнуци.
– Не клекнав на едно колено, бидејќи мислам дека немаше да можам да станам – опишува младоженецот како ја запросил својата невеста.
Двојката живее во хотел, во источен Сасекс и планираат да останат заедно до крајот на животот.