7 месеци пловел до саканата, која е мажена и не го рецкала – завршил во затвор


38 годишниот Рамазан Нојан Кулум, морнар од Турција додека бил на летување во Кипар се вљубил во Британката Кортни Мери, каде русокосата девојка работела како келнерка. Почнал да ја вознемирува иако јасно му кажала дека не е заинтересирана.

Тој го дознал нејзиниот телефонски број и почнал да ја бара. Нејзините пријатели тврдат дека тој еднаш во ресторанот се појавил со нож, по што Кортни се исплашила, дала отказ и се вратила во Ливерпул. Го блокирала на Фејсбук, но Кулум и понатаму не се обесхрабрувал и ја барал за жена иако таа е веќе мажена.

Тој од април патувал со мала јахта за да дојде до саканата, но она што што требало да биде голем романтичен гест, сега ќе заврши со депортација.

За седум месеци колку што патувал до својата сакана, успеал да „заглави“ во затвор, да биде затворен во институција за ментално заболени и да биде протеран од многу земји.

Дополнително за своеот патешествие секојдневно пишувал и блог, а еден од неговите последни постови во кој пишува за апсењето го завршува со зборовите „Кортни те сакам. Те молам прости ми“.

Интересно е дека некогаш Кулум бил испушен бизнисмен и директор на компанија која се занимавала со игри за мобилни телефони.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1