Нов смртоносен вирус ja загрозува планетата!


Човештвото е на пат да се зарази со нова смртоносна болест. Смртоносен вирус Ебола за кој засега нема достапна вакцина, може да се пренесува по воздушен пат. До овој заклучок дојдоа канадски научници.


При серија обиди научниците докажале дека вирусот се пренесува од свињи на мајмуни, меѓу кои нема директен контакт.

Шефот на истражувањето Гери Кобингер од Универзитетот на Манитоба предупредува дека уште не се знае дали свињите имаат некаква улога во ширењето на вирусот Ебола во Африка .

Кога ги испитале заразените свињи утврдиле дека тие имат лесна треска и започнувале да дишат тешко, но на крајот останувале неповредени од инфекцијата. Таа повеќе влијаела на мајмуните. По две недели тие добивале крварење во градите и екстремитетите, белите дробови им биле оштетени.

Јапонски експерти сметаат дека е потребно да се одржи и епидемолошка студија на дивите и домашните свињи.
Утврдено е дека жртви на Ебола се горилата , шимпанзата, некои антилопи, луѓе, а неодамна – и свињи.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1