7 метални книги најдени во пештера во Јордан, поврзани со Библијата? Видео/ Фото


На 3 март 2011 година Еврејска новинарка објавила статија од интервју со металургист по име Роберт Феатхер, кој изјавил дека идентификувал 20 метални збирки на книги, кој како што вели би можеле да бидат во тесна поврзаност со Кабалах, а дека биле во сопственост на еден израелски земјоделец по име Хасан Саед.

Хасан тврдел дека збирката книги ги пронашол неговиот прадедо, во една пештера пред еден век. Тој додаде дека парчето кожа кое што било пронајдено покрај нив датира уште пред 2000 години.

Израелските власти одговорни за пронаоѓање на ваков вид на антиквитети, се изјаснија дека се сомневаат во нивната автентичност, велејќи дека книгите се мешавина на некомпатибилни периоди и стилови, без никаква поврзаност и логика. Вакви фалсификувани работи можат да се најдат по пазарите на Јордан и на други места на Блискиот исток.

Новинарката додава дека професорот и епиграпхист Андре Лемер, се произнесол дека ваквите натписи немаат смисла и дека целиот случај е прашање на софистициран фалсификат.

На 22 март 2011 година, Дејвид Елкингтон издал соопштение за медиумите во кое се наведува дека античките книги направени од олово и бакар, заедно со други артефакти кои што биле пронајдени во Јордан, најверојатно датираат од 1 век од н.е. и дека истите би можеле да бидат од исклучително значење како и списите кои што биле пронајдени во Мртвото Море.

Елкингтон исто така изјавил дека предметите биле откриени пред 5 години во пештера од стрна на земјоделецот од Јордан, по што истите биле шверцувани во Израел, а се стравувало од ризикот да бидат продадени на црниот пазар или пак да бидат уништени. Ваквата приказна веднаш била пикирана од страна на Би-Би-Си, Дејли Мејл и останатите светски медиуми.

Елкингтон изјавил дека биле пронајдени 70 поврзани книги (кодекси) направени од олово и бакар. Многу од нив биле запечатени од сите страни. Свитоци, таблети и други артефакти, вклучувајќи и сад со темјан. Некои од страниците биле испишани во форма на архаична хебрејска скрипта со антички месијански симболи. Некои од написите биле во фома на кодови. Во соопштението тој изјави дека во неговиот тим биле вклучени библиските научници Маргарет Баркер и Филип Р. Дејвис.


Според верзијата на Би-Би-Си, кодексите биле пронајдени во пештерата во Јордан, во периодот меѓу 2005 и 2007 година.

Дејли Телеграф додава дека металуршките анализи на книгите, и јаглеродот кој што бил анализиран на парчето кожа, сугерираат дека истите биле стари околу 2000 години, но, исто така не ја отфрлаат и можноста истите да не се автентични. Елкингтон кој е опишан како експерт за античка верска археологија, прдводел британски тим, со кој се обидел да дојде до јорданскиот музеј за проверка на книгите.

Тој тврдел дека истите тие би можеле да бидат големо откритие за христијанската историја. И директорот одговорен за антиквитетите во музејот во Јордан, Зијад ал-Саад, истакнал дека книгите би можеле да се направени од страна на следбениците на Исус, по неколку децении од неговото распнување.

На статијата на Би-Би-Си пишува дека книгите се 5 до 15 листови или плочи, секоја со големина на кредитна картичка, направена од олово и бакар и сите биле врзани со оловни прстени на едната страна. Голем дел од книгите исто така биле запечатени со прстени на преостанатите три страни. Дејвис изјавил дека во книгите бил преставен и крстот, грбот и градот од Ерусалим.


Новинарска вест беше пренесена за тоа како Баркер верува дека артефактите се вистински и на нив се напишани христијански текостови стари уште од 33 п.е. Во извештајот на Би-Би-Си, на 29 март 2011 година е наведено дека владата на Јордан ќе поднесе барање за сопственоста на збирката и истата да бидат под ризницата на статутите на јорданскиот закон.

Голем број на експерти побараа да се изврши понатамошна истрага со цел да се потисне скептицизмот.

На 31 март 2011 година, писмо блио објавено на интернет од страна на Даниел В. Петерсон, кое било напишано во 2010 година од страна на Елкингтон. Писмото било испратено до професор на Оксфорд Питер Тхонеман, а во него имало слика од надгробна плоча со грчки текст. Истиот побарал се преведе грчкиот текст.

Питер одговорил дека ваквото дело бил модерен фалсификат, создаден во последните 50 години во Јордан. Текстот со натпис (AD108/9) од Археолошкиот музеј од Аман, како и материјалот на кој што бил испишан истиот, според неговото верување бил фалсификуван.
На 3 април 2012 година Дејли Мејл го објавил интервјуто со Хасан Саед, кој што објаснува како овие материјали стигнале во негова сопственост. Весникот тврди дека лицето на една од плочите би можело да биде лицето на Исус. Следниот ден во Телеграф беше објавено интервјуто со Елкингтон.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1