Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи во скопско Батинци.
Тројца од поврeдените завршија во Ургентниот центар, а четворица се пренесени во Градската болница, од каде еден е пуштен на домашно лекување. Засега нема информации за карактерот на нивните повреди.
Изборна победа по завршувањето на денешните избори славеле повредените патници во едно од возилата, дознава телеграф од полициски извори. Според информации од МВР, директно се судриле „југо“ и „хјундаи“, при што биле повредени седум лица.
Според очевидци од местото на настанот, возилата се тешко оштетени, а судирот бил директен и страотен.