7 повредени во судир на комби и автобус на Партизанска


Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судир на комби „фолксваген“ и приватен автобус бр. 22, во скопската населба Карпош 2, во 9.08 часот, јавува МКД.МК

6 од повредените се згрижени во Градската болница, а едно лице во Ургентниот центар. Полицијата прави увид на местото на несреќата.

Извор – МКД.МК

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1