Полицијата во Хотел во Украина каде парот бил на одмор ги пронашла телата едно врз друго. Лицето на девојката разнесено.
70 годишен српски бознисмен ја застрелал во лице малолетната љубовница, а потоа и се самоубил
Ратко Величковиќ ја убил малолетната љубовница, 16 годишната Пољакиња Оливија Јанковски разнесувајќи и го лицето со истрел од куршум.
Покрај нивните мртви тела бил пронајден пиштолот, клучеви од автомобил, документи и 16.000 евра.
Родителите на убиената девојка велат дека таа била примерна ученичка и спортиска која се бавела со атлетика, имала и момче во Варшава.
Нејзиниот татко Пјер нагласил дека таа се изменила кога се запознала со Величковиќ кој ја опсипувал со подароци и пари, а тие не знаеле ништо само наоѓале скапи подароци и не знаеле кој е мажот.
Пред еден месец велат дека таа си заминала од дома и оттогаш повеќе не им се јавила на родителите.
„Оливија во последно време беше многу чудна. Доаѓаше од школо дома и веднаш седнуваше пред компјутерот. Чувствував дека нешто не е во ред, но не знаев што.
Забележував дека нејзиниот плакар беше полн со нови и скапи работи кои јас и мојот сопруг не можевме да си дозволиме да и ги купиме“, изјавила за полските медиуми Кристина Јанковски, мајката на Оливија.
Таа вели дека пред 1 месец го оставила Ратко и почнала да се забавува со момче на нејзини години.
Но потоа Ратко и се јавил и рекол дека преживеал два инфаркта и дека ќе се врати во Србија да се лечи, а последна желба му е да поминат уште еден викенд заедно.
Нејзината сестра Кристина Јанковска рекла дека Ратко бил многу љубоморен и Оливја сакала да го напушти. Не може да се помири со фактот дека таа ги запознала.
Имено Кристина работела во кафулето на Ратко како келнерка и така ги запознала сестраи и Ратко кој вели полудел по Оливија, и купил кола и ветувал стан и дека ќе ја носи во Србија. Ја водел често на патувања.
,, На Оливија и годеше зошто ние потекнуваме од сиромашно семејство,, вели Кристина.
,, Ми се повери дека знае дека Ратко носи пиштол, но ја фати на емоции се чустввуаше должна,, вели Кристина.
Прво како Оливија како малолетна успеала сама со љубовникот да ја мине границата без дозвола и потврда од нејзините родители, доколку навистина не знаеле каде таа отишла како што велат.
Второ – на профилот на Ратко на фејсбук како пријатели се наоѓаат и родителите на Оливија, а велат дека не го познавале и незнаеле за врската.
Трето – медиумите во Полска шпекулираат дека малолетната Оливија работела и како ,, бизнис пратиља,, а ова не и бил прв одмор во истиот хотел со истиот бизнисмен. Досега била таму 3 пати.
Ратко Величковиќ е Србин по потекло од Владичин Хан, пред 20 години се преселил во полска, а пред четири години отворил и фирми во Украина.
Својата малолетна љубовница наводно ја запознал во еден од неговите ресторани во Полска.
Српските медиуми пишуваат дека во Србија работел и како наставник по Хемија, Физика и Математика и им предавал на малолетнички.
Потоа го напуштил семејството отишол за Полска и основл ново семејство.
Има 2 деца од првиот брак и две деца од бракот во Полска, а има и внуци.