Падна прва жртва на полициските Шкоди – ја сефтоса пијан велешанец


Пијан велешанец во четвртокот вечерта, бегајќи од полицијата, оштетил едно од новите возила на МВР, „шкода јети“, што е можеби и прво поголемо оштетување на вакво возило откако беа ставени во употреба.

skoda jeti policijaСпоред СВР Велес возачот Б.Х.(49) од населба Горно Оризари возел по левата страна од коловозот, по што нивна патрола со вклучени сигнални ротациони светла се обидела да го сопре. Наместо тоа, возачот се обидел да избега.

Полицајците сепак успеале да го претекнат и да го сопрат при што возачот, кој управувал „поло“, удрил во новиот полициски автомобил.

Причинета е мала материјална штета на возилото, велат од велешката полиција. По извршената контрола над возачот Б.Х. утврдено е дека тој возел во видно алкохолизирана состојба со 2,3 промили алкохол во крвта, возел нерегистриран автомобил, а имал и забрана за возење поради сообраќаен прекршок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1