700 регрути ја поминаа првата фаза за полициски службеници



Во тек е првата фаза од квалификацискиот круг за прием на полициски службеници. До сега 700 кандидати поминаа преку првите задачи и тестирања за нивната физичка подготвеност и моторички способности.

Тестирањата од оваа прва фаза треба да завршат до 19-ти овој месец, а се очекува крајната бројка која би преминале во наредната фаза да биде околу 800 кандидати.

Минитерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ги посети пунктовите каде што се вршат тестирањата на пријавените, во касарната Ѓорче Петров и истакна дека бројот на кандидати кои ја поминале првичната селекција гарантира една квалитетна и добра конкуренција, односно дека за едно место полициски службеник ќе се натпреваруваат повеќе кандидати.
– Досега селекцијата ја поминале 596 мажи и 104 жени, односно 10 до 15 проценти, што е една стабилна бројка на кандидати кои ги поминуваат проверките“, истакна Јанкулоска при што изрази очекување сегашниот тренд да се задржи и финалната бројка на кандидати кои би ги поминале првичните проверки да се движи околу 800.
Меѓу кандидатите има припадници од сите етнички заедници, процентуално со нивното учество во вкупното население на Македонија, а за тоа каде ќе бидат распоредени засега не може да се каже.
Проверката на кандидатите се одвива низ повеќе фази. По оваа првата, во која се тестира физичката подготвеност и моторичките способности, следуваа присхолошките тестови, проверка на здравствената состојба, проверка на општообразовните познавања, писменото изразување и на крајот интервју која е и завршна фаза при селекција на кандидатите.
Конкурсот за прием на полициски службеници беше објавен на 4 јуни годинава, а се однесуваше на 300 вработувања.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1