Двете бебиња кои по грешка биле заменети по нивното раѓање на 30 септември во Аргентина, им се вратени на биолошките родители кои цели три недели се грижеле за „туѓи“ деца.
Марија Лорена Гербено(37), која е адвокат од Сан Хуано, веднаш се посомневала дека нешто не е во ред. Таа и Вероника Техада ги родиле своите ќерки на 30 септември во Сан Хуано.Константниот сомнеж Марија бил оправдан кога ја сретнала Вероника, која исто како и таа, го донела своето бебе на редовна лекарска контрола.
Додека зборувале во чекалната почнале да сфаќаат што можело да се случи. Со ДНК анализа, се покажало дека им бил дадени „туѓи“ бебиња. Пред три дена, двете жени, на суд, конечно си ги размениле бебињата, а болницата ја признала грешката.