8 годишно девојче почина од внатрешни повреди по првата брачна ноќ


Осумгодишно девојче од Јемен, кое било принудно  омажено со многу постар маж од неа, починало поради внатрешното крварење добиено поради сексот на првата брачна ноќ.

Девојчето, именувано само како Рауан, починало во Хардх, северозападниот дел на Јемен, на границата со Саудиска Арабија.

devojce1Активистите за човекови прва се кренаа на нозе – бараат младоженецот, за кој се верува дека има околу 40 години, како и членовите на семејството на починатото девојче да се уапсат и да им биде судено за убиство.

На тој начин се надеваат дека ќе прекине оваа одвратна практика која ја негуваат локалните жители од сиромашните области – семејствата поради својата сиромаштија и обичаи ги продаваат и мажат своите деца.

Сепак, ситуацијата во Јемен многу тешко може да биде променета, бидејќи  под „велот“ на традицијата повеќе од една четвртина од жените во Јемен се мажат пред 15. година. Сиромаштијата игра исто така голема улога бидејќи за секое девојче дадено за мажење на постар маж семејството добива пари и семејствата не можат да „одолеат“ да не ги продадат ќерките.

Како резултат на ваквите практики во Јемен се воведе закон за девојки помлади од 15 години да не можат да се мажат, но во 1990 година овој закон беше поништен. Според новиот закон само родителите може да одлучат кога ќе се омажи ниванта ќерка.

Бриф.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1