Околу 80-тина граѓани кои претерале со консумирање на храна пред се мрсна во изминативе три дена побарале лекарска помош на Клиниката за Токсикологија, што е за 10 проценти повеќе од претходните години
Повеќето од нив се жалеле на болки во стомакот, а имале и симптоми на гадење и повраќање. Најчестите се забелешки дека ваквите појави кај пациентите произлегле од воспаление на жолчката и проблеми со гастритот. Станува збор за повозрасни граѓани кои по 40 дневниот божиќен пост не се воздржале од внесувањето на храна пред се од животинско потекло.
Двајца се задржани на клиниките, биле препратени на Хирургија, оти имале компликации, воспаление на жолчното ќесе, останатите се пуштени на домашно лекување. Препиени имало по три случаи дневно, за разлика од новогодишната ноќ кога помош на Токсикологија побарале 30-на под дејство на алкохол, од кои шестмина малолетни.
-Деновиве почнаа зголемен број на компликации од претерана исхрана. Најчесто е воспаление на жолчката од претерано јадење…Повеќето се повозрасни кои стварно постеле кои по Бадник имале проблеми со желудникот. Бројот за овие два-три дена што изминаа е 25 на ден. Еден, двајца се задржани другите се пуштени на домашно лекување изјави за Алфа доктор Нестор Поповски, од Универзитетска клиника за Токсикологија.
Лекарите апелираат граѓаните умерено да консумираат храна, меѓутоа пред се да внимаваат каква и да не претеруваат со алкохолот. Особено препораките треба да ги почитуваат хронично болните. Важно е по јадењето да се движат.