8мина биле мртви пред да падне на земја авионот во кој загина Борис Трајковски


Нацрт-извештајот за авионската несреќа, во која пред речиси 11 години загина претседателот Борис Трајковски, е готов. Неофицијално, втората истрага за авионската несреќа покажала дека осуммина кои биле во авионот починале од експлозијата – од изгореници, како последица на јак оган, и од задушување, пишува Вест.

Еден од двајцата задолжени за обезбедување на Трајковски, по експлозијата излетал од авионот и починал од падот и од скршеници.Trajkovski_kinger_0_1

Омер Кулиќ, претседателот на меѓународната комисија која две години расветлуваше што се случувало пред, за време и непосредно по кобниот лет, вчера им го предаде нацрт-извештајот на македонските претставници Сотир Костов (од земјата оператор на авионот) и Сашо Мојсовски (како претставник на земјата во чиј регистар бил). Што има во него, ќе биде презентирано за 20 дена, период во кој македонската страна може да достави забелешки, кои ќе бидат составен дел на конечниот извештај. И три стручни лица ќе дадат независно мислење за наодите на извештајот.

Кулиќ најави дека тогаш ќе биде прикажана и снимка на комплетниот лет, со автентични разговори од пилотската кабина.

trajkovski zaginati

“Комисијата ги истражуваше сите сегменти на проблемот што ја предизвикале случката, проблеми кои $ претходеле и што резултирале со некои други последици. Комисијата работеше во неколку групи – за технички прашања, за процедури, за човечки ресурси, кои на крајот резултираа со нацрт-извештајот”, изјави Кулиќ, додавајќи дека нивна работа не била да бараат одговорни за несреќата туку да кажат како и што се случило и да им дадат препораки на воздухопловните власти што треба да се направи за во иднина да не се случуваат такви работи.

“Во нашето мислење ќе има мислење дали одредени субјекти го поминале дозволеното однесување утврдено со стандарди”, појасни Сотир Костовски.
Немало притисоци додека траела истрагата, потврди Кулиќ.

“Имаше мали сегментарни проблеми, одредени субјекти не сакаа да соработуваат во Скопје”, изјави Кулиќ. Неофицијално, Агенцијата за цивилно воздухопловство неколкупати одбивала да дозволи увид во документи.

Истрагата чинела околу 10 милиони денари (околу 160.000 евра). Некои од деловите на авионот биле вештачени во Центарот за истражување авионски несреќи во Германија.

Направивме два симултани лета за време на истрагата со авиони во живо. “Земавме ист тип авион ‘кингер’ со кој загина претседателот Трајковски, го изнајмивме од Белград, за да потврдиме некои наши заклучоци”, рече Кулиќ.

Првата истрага покажа дека авионот се урнал поради пропусти на екипажот кој слетувал на Мостарскиот аеродром во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1