Деветгодишно дете од Гарстен спасило едно тригодишно дете од давење во базен во овој град во Горна Австрија.
Деветгодишното дете среде гужвата и вревата на дното не базенот го забележало неподвижното тело на малечкиот. Веднаш ја повикало својата мајка и помогнало малечкото да се извади од водата и да се однесе до спасувачот.
По неколку обиди спасувачот успеал да го оживее, и детето со брза помош е префрлено во болницата Штаер.
Според зборовите на полицијата. Тригодишното дете на базен дошло со својата мајка, нејзиниот партнер (53) и уште две лица со две други деца. Во моментот кога сакале да тргнат кон дома, на парнерот на мајката и му заѕвонил телефонот, па го загубил од вид детето. Тригодишното дете најверојатно сакало уште еднаш да влезе во плиткиот дел од детскиот базен, но се лизнало и паднало во водата длабока еден метар.