Кога на 15. септември Зоран Марјановиќ сопругот на трагично загинатата пејачка Јелена Марјановиќ е уапсен во врска со ова тешко убиство целиот регион беше шокиран. Иако многумина веднаш тргнаа да го осудуваат поради овој стравичен злочин, тој се уште не е обвинет и осуден за случајот. Не се знае точно каква поврзаност има со злосторството, така да се уште се е на база на претпоставки а на полицијата останува да го расветли овој тежок случај,
Зоран не е единствениот осомничен, ги има вкупно 9, пишува Блиц.
Ивица Ајдаревиќ, кум – првите денови бил на списокот осомничени и неколку пати бил на сослушување
Владимир Марјановиќ, свекор
Неименуван љубовник – оваа теорија е исфрлена, но и тој бил во игра
Небојша Ројко – момче кое е комшија на Марјановиќ, има досие во полиција, но докажано е дека нема никаква поврзаност
Човек што пренесувал луѓе со чамец – уште една теорија која се покажала неоснована
Човек со стап
Момче кое присуствувало на 40-дневниот помен – приведен е но по сослушувањето се покажало дека било само фан на Јелена
Камионџија од Германија – сериски убиец кој убива по шаблон