90 отсто кажаа ДА – Донецк и Луганск и кажаа збогум на Украина


Според неофицијалните резултати, во Донецк излегле да гласаат околу 75 отсто од вкупно 4,5 милиони жители. Претседателот на Централната изборна комисија, Роман Љагин, соопшти дека на прашањето дали го поддржуваат актот за прогласување државна самостојност на Донецката Народна Република, позитивно одговориле околу 90 отсто од гласачите.

ukraina22Во Луганск, според податоците кои ги изнесе претседателот на ЦИK, Александар Малихин, одѕивот бил 81 отсто. Државната самостојност на Луганската Народна Република на референдумот ја поддржале 96,2 отсто од избирачите, пренесе „РИА новости“, која додаде и дека еден од организаторите на референдумот истакнал дека Луганск ќе се жали до ОН за признавање на независноста на регионот.

– Преброени се сто проценти од гласачките ливчиња. За гласаа 89,7 отсто, против беа 10,19 отсто, а 0,74 проценти од гласачките ливчиња се невалидни – изјави Љагин, а пренесе „Гласот на Русија“.

Вршителот на должноста претседател на Украина, Олександр Турчинов, го осуди референдумот и го нарече нелегална фарса. Според него, тоа е фарса која ја инспирирала Русија за да ја дестабилизира Украина и да го урне раководството во Kиев. Тој изјави дека изборите на кои, како што рече, проруски бунтовници прогласиле мнозинско гласање за прекин на врските со Kиев, нема легални последици за Украина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1