Ново истражување, ја прогласи Ирска за најдобра земја за живеење во светот, притоа аргументирајќи дека истата најмногу допринела за човештвото и планетата.Разрушени од војната Ирак, Либија и Виетнам се на дното од листата.
Британија е на седмо место, но поради високиот развој на технологијата се нашла на првото место на листата на земји кои имаат најголем придонес во технологијата.
Резултатите се претставени во рамките на првиот “Добра земја” индекс, кој рангира зејми врз основа на 35 одвоени фактори на Обединетите нации, Светската банка и други интернационални институции.
За да ја создадат оваа листа научниците се воделе според податоците за големината на економијата на одредена земја, а потоа го проценувале нејзиниот глобален придонес кон науката, технологијата, културата, меѓународниот мир и безбедност, просперитетот и еднаквоста, како и здравјето на луѓето, пренесува Daily Mail.
Од вкупно 125 држави, Македонија се наоѓа на 55-то место, со средно добри позиции за придонес во науката и технологијата, додека најмногу заостанува во заштитата на планетата и климата. рангирана е како 33-та и во културата, позиционирана е како 55-та, додека најмногу заостанува во заштитата на планетата и климата, се наоѓа на 119-то место.
Погледнете ги 10-те земји кои што ја предводат листата:
1. Ирска
2. Финска
3. Швајцарија
4. Холандија
5. Нов Зеланд
6. Шведска
7. Обединето Кралство
8. Норвешка
9. Данска
10. Белгија