Тројца инженери од Македонија, Босна и Херцеговина и Италија, што работеле за италијанска градежна компанија, најверојатно се киднапирани Либија, објави италијанската агенција АНСА.
Автомобилот на тројцата инженери е пронајден кај градот Зувара, западно од Триполи.
– Тие се исчезнати и веруваме дека се киднапирани, изјави претставник на либиските власти.
Македонецот Емилио Гафури, Италијанецот Марко Валиса и Босанецот Петар Матиќ се вработени во италијанската фирма „Пјачентини Конструциони“ од Модена.