Утре и задутре (9ти и 10ти јули) конечно ќе се одржи долгоочекуваната венчавка на српскиот и светски број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ со неговата избраничка Јелена Ристиќ.
За оваа прилика тој ја изнајмил најскапата и најлуксузната вила на Св. Стефан каде некогаш престојувале и светски ѕвезди како Елизабет Тејлор и Силвестер Сталоне. Веќе неколку дена местото е целосно обезбедено и никој не смее да поминува. Подготовките се завршени и сè е во најдобар ред. За самиот чин на венчавање одбрана е Кралската плажа.
На свадбата ќе присуствуваат околу 150 гости, меѓу кои и голем број познати личности, кои освен комфорното сместување на располагање ќе имаат и голем велнес центар. Младенците ќе бидат сместени во вилата 118 во кралскиот апартман од 165 квадрати, каде едно ноќевање чини 3000 евра.