По повод соопштението од страна на УЧК пренесено од порталот Тетовасот на својот фејсбук профил се огласи и генералот Стојанче Ангелов,бранител и херој од воениот конфликт 2001-ва година. Комуникето од УЧК на следниот ЛИНК – Македонија е вештачка држава, ова било албанска земја – УЧК се јавија: Ако треба, тука сме
Еве што тој напиша на неговиот фејсбук профил
ВЕТЕРАНИТЕ НА УЧК СЕ ЈАВИЈА: “АКО ТРЕБА ТУКА СМЕ!“
Вие сте тука ама и ние сме тука! Ние, македонските бранители од 2001-та!
Незадоволни, лути и бесни но секогаш подготвени за одбрана на нашата македонска држава и нашите, македонски граѓани.
Само, овојпат нема да биде како во 2001-та.
Овојпат…
Овојпат прво ќе ги исчистиме сопствените редови.
А потоа…
Потоа, се знае!
Ќе го почувствувате гневот Македонски!!!
Затоа, со време нека се смират сите напалени албански естремисти. На целата сиромаштија уште војна ни фали. А работата натаму оди. Очигледно некому тоа му одговара.
Но, некому не. Некому не му одговара нова војна. Некому не му одговара ново убивање. Некому не му одговара ново насилство.
Не му одговара на намачениот, сиромашен и исплашен македонски граѓанин, и Македонец, и Албанец, и секој друг. Граѓанин кој живее од ден за ден, граѓанин кој едвај сврзува крај со крај, граѓанин на кој му е преку глава од насилство и убивање.
Сограѓани Албанци!
Не дозволувајте да бидете вовлечени и злоупотребени во валкани сценарија.
Сценарија за нови насилства. Сценарија за нови убиства. Сценарија за нова војна.
Бидејки…
Војната и убивањето не се романтични. Војната и убивањето не се возвишени.
Војната и убивањето се најголемото зло кое може да и се случи на Република Македонија!
08.07.2014 година
Генерал Стојанче Ангелов