Седумгодишниот Квин Челендер од САД реши да му помогне на својот најдобар другар Брејден Грозданич кој е болен од церебрална парализа. Квин за операција на својот другар собра пари и тоа со продавање лимонада на улица заедно до Брејден.
Со помош на своите родители Квин организираше кампања за собирање пари, а досега собрал 49 илјади американски долари за лечење на својот другар. Тоа е многу повеќе од првобитните 20 илјади, колку што планирал да собере.
До операцијата на неговиот другар остануваат уште 26 дена, а Квин продолжува со акцијата за собирање пари.