Од радијација во Јапонија мутирале пеперутките


Во областите во кои има зголемена радијација, научниците заклучиле дека пеперутките таму имаат значително помали крилја и нерегуларно развиени очи.

Научниците ги набљудувале порастот и промените на обликот на нозете, антените и крилјата кај пеперутките кои се собрале по загревањето на јадрото во нуклеарната централа Фукушима што се случило по земјотресот и цунамито во 2011 година.

Лабораториските експерименти ја потврдиле врската меѓу мутацијата и радиоакивното зрачење. Два месеци по несреќата во нуклеарната централа Фукушима, тим на истражувачи  собрале 144 пеперутки од видот Зизерија маха од десет локации во Јапонија меѓу кои и оние пеперутки од областа Фукушима.

Од споредувањето на мутацииите кај пеперутките, истражувачите утврдиле дека пеперутките од оние области во кои е регистрирана голема количина на радијација имаат помали крилја и нерегуларно развиени очи. Се веруваше досега дека инсектите имаат голема отпорност на радијација, изјавиле од тимот на експерти, па според тоа тие велат дека резулатите кои ги добиле се неочекувани. Експертите потоа овие пеперутки ги однеле во лабораторија која што е 1750 километри одалечена од местото на несреќата каде одвај може да се регистрира радијација. Кога започнале да ги одгледуваат овие пеперутки кај потомокот забележале низа абнормалности, кои не се забележани кај претходните генерации – собрани од областа кај Фукушима – како на пример деформитети на антените.

Шест месеци подоцна , повторно ги собрале возрасните пеперутки од десетина области и пронашле дека кај оние пеперутки од областа на Фукушима степенот на мутација е два пати поголем од онаа кај оние пеперутки кои се собрани пред да се случи инцидентот.

Тимот експерти ги изучува овие видови пеперутки повеќе од десет години.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1