Повторно инцидент со Боинг: Слетал принудно среде океан, ноќе – 300 патници во шок (Фото)


Боинг 777 на американската компанија United Airlines со 335 патници и 12 членови на екипажот, кој летал од Хонолулу до Гуам, во петокот под мистериозни околности бил присилен да слета на еден од најзафрлените островчиња на светот.

avion sleteo usred okeanaАвионот среде ноќ слетал на малата писта на коралниот остров Мидвеј, кој е со површина од шест квадратни километри, тука живеат стотина луѓе, а познат е како место каде што се случила една од големите американско-јапонски борби во Втората светска војна. Тука има и мал аеродром, дел од стара воена база, кој денес служи за вонредни слетувања.

Официјалното објаснување за ова непланирано слетување е технички проблем, но патниците сведочат дека многу чудни работи се случувале уште од полетувањето од Хаваи. Авионот многу доцнел со полетувањето, механичари работеле на авионот и додека патниците веќе биле внатре.

Неколкумина од нив се откажале од летот и излегле од авионот.

Конечно, авионот полетал, но само по три часа нешто почнало да чади во пилотската кабина, авионот почнал немирно да лета, а пилотот се обидувал да ги смири патниците со информации дека се работи за помали технички проблеми. Патниците сведочат дека почувствувале чуден мирис на нешто изгорено, и „сите бевме убедени дека авионот ќе се урне“, вели патничката Тереза Смит.

avion-boing-777-facebook-1405249651-533809

Карен Гевара пак сведочела дека пред авионот да потоне 10 сетина метри имало жолчна расправија меѓу стујардеса и еден патник.

Иако слетале доцна во ноќта, речиси сите жители на Мидвеј станале и им помагале на неочекуваните гости. Сите тие работат или на одржување на аердромот или се грижат за леглата на големиот број на птици и на морските желки на островот. Неколку часа подоцна слетал уште еден авион кој ги пренел патниците на Гуам. Засега никој ништо не зборува за тоа што точно се случило во авионот.

Боинг 777 се смета за еден од најсигурните авиони. Најпознатиот инцидент со овој тип на авиони е последниот пример со исчезнатиот малезиски Боинг за кој се уште не се знае што точно се случило.

avion-boing-777-facebook-1405249651-533811

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1