Поранешниот холандски младински репрезентативец Квидо Ланзат (34) се води како исчезнат од петокот. Неговото семејство е во очај, плашејќи се за својот близок роднина, неговиот брат Тихо Ланзат на неговата Фејсбук-страница побара помош:
“Од петокот е исчезнат брат ми, поранешен професионален фудбалер Квидо Ланзат. Тој ја напушти Холандија ноќта во четвртокот на полноќ и преку Германија се упати кон Швајцарија, каде што не стасал. Тој патува во позајмен црн „голф 7“ со холандски таблички 9-TGL-24.”
Во продолжението на апелот на Тихо Ланзат следи описот на Квидо – висок 1,85 метри и тежок околу 80 кг. и се повикува секој кој видел ваков автомобил по четврток на полноќ да се јави на полицијата.
„Молам споделете со што повеќе луѓе за да може да го видат овој пост. Ве молиме да се воздржите повици со сочувство.”
Фејсбук-профилот на Тихо е преоптоварен со пораки и корисни информации. Има луѓе кои го добиле на телефон во петокот уште кога Квидо беше 200 километри од Базел. Потоа ништо слушнале за него, а тој не пристигнал на местото на дестинација.