Посвојувањето деца ќе се забрза


Забрзувањето на процедурата за посвојување деца, но и давањето поголеми рокови за премислување на родителите што ги напуштиле своите деца, е суштина на новите измени во Законот за семејството, кои Министерството за труд и социјална политика ги достави до Собранието за усвојување.

bebe555Според предлогот, сега детето ќе може да биде сместено во семејство на можни посвоители по девет месеци откако е утврдено дека не му се знае престојувалиштето на неговиот родител. Претходно, тој рок изнесуваше 12 месеци, што значи дека периодот во кој може да почне посвојувањето е скратен за три месеци.

– Во истиот член е намален и рокот во случај кога не е потребна согласност од родител, за дете кое една година е сместено во институција или друго семејство и кој не пројавил интерес за детето, од една година на девет месеци – пишува во предлогот.

Од друга страна, родителите што решиле да го дадат на посвојување детето веднаш по раѓањето, наместо шест недели, отсега ќе имаат можност да се премислуваат три месеци. Освен тоа, следењето на можните посвоители за процена на нивната подобност и мотивот за посвојување ќе продолжува и по нивниот упис во соодветниот регистар. Сегашното решение предвидува центрите за социјална работа континуирано, во период од четири месеци, да ги следат подносителите на барањето до уписот во регистарот на можни посвоители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1