Според пишувањето на филипинските медиуми, иако се уште не е потврдено и официјално, тригодишното девојче кое почна да диши и да се поместува на својот погреб, повторно е во кома.
Инаку, девојчето во петокот било хоспитализирано поради висока температура, а во саботата било прогласено за мртво.
Родителите за време на погребот забележале дека детето мрда, па ја извадиле од ковчегот.
Многу верници овој настан го сметаат за „чудо“, други пак велат дека едноставно девојчето не било мртво, а некои пак оценуваат оти целиот случај е наместен.