Виктор Настески веќе единаесет години го обиколува светот со луксузни крстосувачки бродови.
Започнал да работи од кујна, па се до својата актуелна позиција на executive chef на најголемиот брод на светот Allyre of the Seas, пишува денешен весник.
Тој е единствениот Македонец со офицерски чин одговорен за 9 од 25 ресторани на овој брод.
,,Кога ја добив оваа позиција и тоа на најголемиот брод на светот, а особено кога првпат стапнав на овој навистина грандиозен објект, од една страна, ми беше страв дали ќе ме прифатат како што треба бидејќи сум од Македонија, што е навистина единствен случај досега. На бродовите имаме бар-менаџери, имаме ресторан-менаџери, но немаме Македонци – шефови на кујна. Затоа, од друга страна, ми беше предизвик да видам дали можам и колку можам да успеам. Сепак, на почетокот менаџментот на бродот беше сомничав во однос на мене и кога ќе слушнеа од каде сум на лицата едноставно можеше да им се прочита недоумица: executive chef from Macedonia?! Хммммм!,, пишува денешен весник.
Виктор заминал да работи на брод во 2001 година, сакал да и помогне финансиски на својата самохрана мајка. Дотогаш работел како готвач во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.
,, на почетокот постојано ми се лошеше и постојано се прашував кој ѓавол ме натера да го направам ова. Се сеќавам дека делев кабина со тројца Индијци и искрено, бев готов да дадам отказ и да се вратам дома, раскажува Виктор.,,
Според договорот, требало да остане 10 месеци, без ниту еден слободен ден и 12 до 14 работни часови дневно.,, Во тој период прекувремената работа не се плаќаше, па тоа беше вистинска експлоатација. Искрено, беше многу тешко и речиси неиздржливо, а јас бев единствениот од Македонија кој работеше во кујна. Сите други работеа во ресторани или во барови, а мене немаше кој да ми каже дека сум се пријавил за најтешката работа,, вели Виктор.
Дискриминација на национална основа
Иако бил школуван готвач со четиригодишно искуство, цело време останал на најниската позиција само затоа што бил од Македонија. ,, Да, во тоа време имаше голема дискриминација, а ја има и денес, иако не во толкава мера. Тешко ми беше да гледам како Французите, Германците, Англичаните и други, добиваа подобри позиции,, вели Виктор.
Исто сега ја има највисоката позиција и многу привилигеии, но работата на брод освен успех во кариерата му овозможила и најубава работа што можела да му се случи – ја запознал својата сестра по татко која веќе неколку години живее во Ванкувер.Иако воспоставил контакт со сестра си по телефон пред повеќе години, никогаш не се сретнале.
Дознал дека живее во Ванкувер каде што требало да вплови неговиот брод на пат кон Алјаска, веднаш се вклучил на фејсбук и ја побарал.
Сепак, една од лошите страни на оваа професија, вели Виктор, е одвоеноста од саканите. Има девојка во Скопје.
,,Не е решение целиот живот да одам по бродови и свесен сум дека еден ден ќе треба да создадам свое семејство и да почнам нормален живот. Инаку, со мојата заработувачка изградив куќа во Визбегово и кога сум во Скопје, живеам таму. Се надевам дека во меѓувреме кај нас ќе се подобрат условите за работа. Искрено, се обидов одреден период да останам и да заработувам дома, во Македонија, но се разочарав кога менијата што ги креирав за неколку наши ресторани кои беа многу поразлични од тоа што обично се нуди кај нас не беа баш добро прифатени, а уште помалку беа платени. Со девојката сме секојдневно во контакт и ги броиме деновите кога повторно ќе се видиме,, вели единствениот Македонец executive chef на еден толку грандиозен и луксузен брод.
Бродот е собира околу 6.400 гости и 2.400 вработени. Има 18 спрата, шопинг центри, 25 ресторани, парк со пешачки патеки, два театри, лизгалиште, можност за сурфање на бранови, неколку базени, скокалници, карпи за качување, итн…