Доколку се воспостави дека овие наводи се точни, тоа би било “разочарувачки” удар за напорите кои се направени во борбата против вирусот. Организаторите на конференцијата “СИДА 2014”, изјавиле дека преку размена на мејлови се гледа дека 100 лица го резервирале кобниот лет MH17.
Сите експерти се согласуваат дека ова ќе биде последица на глобално ниво, бидејќи смртта на 100 врвни научници претставува голема загуба, пренесува Telegraph.
“Лекот за СИДА можеби бил во тој авион. Не можете, а да не се запрашате за сите можности”, рекол Тревор Стратон.
Голем број на врвни научници, вклучувајќи го и поранешниот претседател на Меѓународното “AIDS” Друштво, кој бил лидер на истражувањето на овој вирус од 1983-тата година, се меѓу загинатите.
Организаторите изјавиле дека сепак конференцијата ќе се одржи и се очекува пристигнување на околу 14.000 луѓе од целиот свет. Говор на собирот ќе одржат поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и активистот Боб Гелдоф.