Фудбалер го прокоцкал богатството – сега чисти тоалети на брод (ВИДЕО)


Дека среќата е превртлива, особено кога се во прашање игрите на среќа, можат да потврдат многумина, а тоа најадрастично на своја кожа го почуствува шкотскиот фудбалер, Кевин Кајл.

Неговата кариера во англиската Премиер лига започна во 2000 годна, кога заигра за „Сандерлаед“. Во меѓу време промени неколку клубови, меѓу кои и една сезона во „Глазгов Ренџерс“, за кариерата да ја заврши во „Ејр Јунатед“ на почетокот на оваа година, откако не му бил продолжен договорот. Откако не добил понуда од ниту еден друг клуб, Кајл присилно замина во фудбалска пензија.

fudbaler-kockarВо „среќните“ денови заработувал и по десет илјади фунти на ден, што му овозможило да спечали солидна заштеда. Но, Кајл имал еден голем порок – комарот.

Тој признава дека на ден знаел да загуби и до седум илјади фунти.

– Имав многу пари, но ги потрошив. Парите не ве прават среќен. Комарот може брзо да ја преземе контролата и брзо може се да изгубите. Луѓето велат кажуват дека коцкањето е дел од нашата култура, но тоа мораме да го промениме. Тоа може да уништи семејства и животи, вели Кајкл.

Бидејќи останал без пари, Кајл морал да бара нова работа и се вработил на бродот „Регина Балтика“, каде негова должност, меѓу другото, е и чистење на тоалетите, бришење на подовите и редење кутии. Смената трае 12 часа, а за два дена работа заработива 800 фунти.

– Мора да работи тешки смени и да им служи на други луѓе. Тоа е многу голема промена во однос на неговиот поранешен живот. Тој не сака да зборува за неговата фудбалска кариера. Се однесува како и сите други членови на екипажот на бородот. Не кажува дека бил фудбалер, вели вработен на бродот, додавајќи дека цел екипаж мисли оти е „добар тип“, кој работи вредно и е популарен меѓу колегите.

Поранешниот фудбалер вели дека нема време за самосожалување, затоа што мора да го прехрани семејството.

– Се обидувам да се грижам за нив. Морам да работам за да имаат храна. Не сакам да зборувам за својот живот и за тоа дали имам или немам работа. Многу фудбалери наоѓаат работа по фудбалската кариера, но не гледам приказни за нив во весниците, изјави Кајл кој во 2012 година се ожени со неговата долгогодишната девојка Лун, со која има три сина.

EkonomskiLider.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1