Мистериозниот авион кој кружел над Лондон ги снимила мобилна апликација која на корисниците им овозможува увид во воздушниот простор. Апликацијата овозможува преглед на небото па во секој момент може да се дознае каде се наоѓа било кој авион.
Имено, Cesna F406, со регистарски ознаки G-BVJT, кружела над југот на Лондон од 10:00 до 12:30 часот на висина од 3.000 метри, на 22. јули.
Според некои информации, авионот со овие регистарски ознаки и припаѓа на Метрополитенската полиција и всушност е шпионски авион.
Ваквите авиони безбедносната агенција ги користи од 1997. година, а нивната главна задача е да пречат во сигналот.
Од неговото појавување на лондонското небо до сега, никој од надлежните не се огласил.