Сопругата на пилотот кој погинал за време на рушењето на малезискиот авион MH17, морала да ги откаже сите негови кредитни картички, бидејќи било утврдено дека некој ги користи.
“Некој ја користи таа ситуација во Украина. Воопшто немаат почит кон загинатите”, наведува Реин Далзеил.
Кога и пристигнал извештајот од банката за користење на картичките, малку е да се каже дека била во шок. Само што дознала за смртта на сопругот, морала и итно да оди по банките и другите установи за да ги откажува сите лични документи.
Едно семејство пријавило дека бунтовниците дури и се јавувале на телефоните на жртвите. Кога и се јавиле на својата ќерка, со надеж дека е жива, им се јавил маж со источно-европски акцент.
На интернет кружи документ во кој Игор Стрелков ги повикува бунтовниците да ги предадат сите вредни работи од местото на несреќата, за да им бидат вратени на семејствата, посебно наведувајќи накит, часовници и кредитни картички
Доколку е ова писмо вистинско, би можело да биде доказ дека се точни наводите за кражба на местото на несреќата.
Малезискиот авион “Боинг 777” летал од Амстердам кон Куала Лумпур, а бил соборен во источна Украина, каде погинале сите 298 патници и членови на екипажот.