Скопјанка на возраст од 83 години е жената која вчера се самоуби во центарот на Скопје.
По извршениот увид, полицијата го утврди нејзиниот идентитет. Станува збор за Зорица Н. (83) која живеела во зградата од која го извршила самоубиството.
Зорица вчера околу 14 часот се самоуби скокајќи од петтиот кат од зградата на улицата „Маркс Енгелс“.
Причините зошто жената решила да се самоубие не се познати.