Силно невреме проследено со поројни дождови и грмотевици доцна попладнето го зафати струмичкиот регион.
Порталот „Струмица нет“ јавува дека најзагрозени се улиците во долниот дел на градот Струмица, каде надојдените води од горниот дел предизвикуваат проблеми за учесниците во сообраќајот.
Засега нема информации за можни поплави и штети од обилните врнежи подоцна.