Новата мода ги поттикнува младите да се палат пред камера и да ги закажуваат клипчињата на интернет. Понекогаш, сепак, излеваат алкохол и врз помали деца и ги палат.
Дејзи Сумер од Кејп Жирардели, Мисури, е одведена во болница со изгореници по грбот, пренесува “Дејли Меил”.
Дејзи изјави дека се повредила, откако го прифатила “предизвикот”. Излеа парфем врз нејзиниот стомак и го запали, во следниот момент се тркалав на подот, обидувајќи се да го изгаснам огнот и така и си го изгорев и грбот”, раскажа таа.
Пред неколку дена беше соопштено за момче од Кентаки, примено во болница со втор степен изгореници, откако одлучило да ја следи опасната мода. Тој се посипал со алкохол и сам се снимил како гори.