Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево, а попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Локално е можна појава на невреме со интензивен пороен дожд и град, а ваквите поинтензивни процеси се поверојатни кон крајот на денот.
Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степени.