Панорамското тркало ќе чини 18,3 милиони евра – ќе го гради Бетон


Склучен е договорот за изградба на реквизитниот објект „Панорамско тркало“ кој треба да се издигне на нов мост во Вардар, помеѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“. Jавното сообраќајно претпријатие официјално потпишало договор со градежната фирма „Бетон-Скопје“ според кој објектот треба да се изграден и поставен за сума од, според сегашните информации, 18,3 милиони евра.

30012014133203_panoramsko trkaloПрвично се планираше изградбата на овој објект да се финансира од донации на приватни компании, но подоцна планот беше изменет, па за изградба на тркалото ќе се издвојуваат пари од државниот буџет.

Според деталите на договорот, изградбата треба да трае пет години, а ќе опфати подигање и на придружни елементи како кафетерија, ресторан и сувенирница на новиот мост.

Реквизитниот објект ќе биде висок 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри. Ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли просечно осум места за возрасни и две за деца.

Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми. Максимален капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300 луѓе, односно 240 возрасни и 60 деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1