Во потрагата по исчезнатата девојка се вклучи и Интерпол. “Исчезнатата личност има бемка на десната страна над усната и одвај видлив белег на брадата, како и хируршки белег на долниот дел од стомакот”, пишува на сајтот на Интерпол. Стефановиќ изјави дека се работи на два нови правци до кои дошла истрагата, но дека е тоа многу осетлива работа. 15- годишната Тијана Јуриќ последен пат е видена на 26. јули во 00:25 часот, недалеку од спортскиот центар “Рата” во Бајмок.
„Истрагата оди во три до четири насоки, а од вчера ја вклучивме и Службата за високотехнолошки криминал“, рече директорот на полицијата, напоменувајќи дека деталите во врска со тоа и некои нови факти со кои полицијата располага сега, во интерес на истрагата, не може да ги соопшти.
„Важно е дека имаме некои нови траги и нови назнаки“, рече Вељовиќ, додавајќи дека полицијата во истрагата има целосна соработка со семејството Јуриќ. На прашањето дали во истрагата се разгледани и други можности, како што е киднапирање, Вељовиќ рече дека има повеќе верзии кои се разгледуваат, а една од нив е информацијата дека во еден од новите возови, со кој Тијана допатувала во Бајмок тој ден, камерите не работеле.
Полицијата го проверува тој и секој друг најситен детаљ, како што се возилата кои се движеле во тоа време кога исчезнала Тијана и личностите кои се нашле на тоа место, случајно или не, прецизираше Вељовиќ. Тој додаде и дека еден од правците на истрагата е појавата на трговија со луѓе во ова погранично подрачје и напомена дека полицијата секојдневно добива многу информации поврзани со исчезнувањето на Тијана, но и многу дезинформации.
На прашањето дали верува дека Тијана е жива и после десетина дена од нејзиното исчезнување, Вељовиќ одговори дека како родител, верува дека таа е се` уште жива. „Најсреќен би бил, и како човек и како полицаец, ако ја видиме повторно овие денови“, рече тој.