Почина уште едно лице заболено од листерија – 55 годишна жена од Кочани


Опасната бактерија листерија одзеде уште еден живот во Кочани, со што бројот на смртни случаи од ова заболување изминатиов месец во земјава се искачи на четири, пренесува Канал 8.

Според нивните информации, станува збор за 55 годишна жена која е втора жртва од Кочани заболена од оваа бактерија.

listeriaСпоред Натка Каранфилова, специјалист – епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кочани, освен двајцата починати, ново примени лица заболени од бактеријата нема.

Стравот од листерија и фактот што една од можните извори на зараза е месото и преработките, продажбата на месо и месни производи во Кочани ја намали за околу 40 %, соопштува Канал 8.

Опасната бактерија може да го разболи човекот најрано за 15 дена, но дури и по 70 дена кога со храна ќе биде внесена во организмот. Не се пренесува од човек на човек, но смртноста е многу висока.

Веројатноста да се добие болеста е повисока кај постари лица, бремени жени и лица со послаб имунитет. Кај здрави лица со подобар имунитет заболувањето поминува со полесна клиничка слика, дијареа, зголемена температура која трае неколку дена и спонтано поминува.

Лекарите и понатаму апелираат во летните месеци да се намали консумирањето на сувомеснати производи, како и на млечните кои се направени од непастеризирано млеко, бидејќи листеријата, за разлика од останатите бактерии, живее во поголем температурен распон, а способноста на бактеријата да толерира ниски температури и сол овозможува таа да преживее во преработена и конзервирана храна и во храна што се чува во фрижидер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1