Таен лек ги спасил заболените американци од ебола


Три супер-тајни експериментални епрувети кои биле чувани на температура под нулата, минатата недела биле префрлени со авион во Либерија, во последен очајнички обид да се спасат американските мисионери заразени со вирусот ебола, судејќи според извор запознаен со деталите од лекување, пишува „Си-Ен-Ен“, а пренесува Б92

Докторот Кент Брентли на 22 јуни се разбудил со чувство на грозница. Плашејќи се од најлошото, веднаш самиот се ставил во изолација. Симптомите кај Ненси Врајтбол се појавиле три дена подоцна. Брзиот тест на крвта потврдил дека и двајцата се инфицирани.

virus-ebolaСе верува дека друг медицински работник ги заразил и нив, иако се уште не се објавени официјалните резултати од истрагата.

Претставник на Националниот институт за здравје ја контактирал нивната организација во Либерија и им понудил експериментален третман познат како ЗМапп, за двајцата пациенти.

Овој лек е развиен од биотехнолошката компанија Мапп Биопхармацеутикал Инц, а на пациентите им било кажано дека овој лек никогаш не бил испробан на човек, но дека покажал ветувачки резултати на мали експерименти направени кај мајмуни.

Четирите мајмуни инфицирани со ебола, преживеале по примањето на терапијата, додека еден мајмун, кој не ја примал терапијата починал.

Брентли и Вајтбол биле свесни за ризикот, но се сложиле да го примат лекот.

ebola-virus-03Лекот е добиен така што глувци биле изложени на фрагменти на вирусот на ебола, а потоа антителата кои ги развиле глувците биле земени, за да се создаде лек кој функционира така што го спречува вирусот да влезе и да зарази нови ќелии.

Епрувети од овој лек пристигнале во болницата во Либерија, каде што биле сместени мисионерите.

Брентли побарал неговата колешка Вајтбол прва да го добие лекот затоа што тој бил помлад и се надевал на поголеми шанси. Така и одлучиле, но неговата состојба нагло се влошила. Знаејќи дека неговата состојба се влошува, и дека неговиот лек се уште е замрзнат, тој побарал да ја прими првата доза. Еден час откако ја примил дозата, неговата состојба драстично се подобрила.

И неговата колешка го примила лекот, по што и нејзината состојба се подобрила.

Двајцата биле успешно евакуирани во САД.

ebola mapa2Змапп не е одобрен за употреба на луѓе и се уште не е влезен во фаза на клинички тестирања, што е стандард за докажување на безбедноста и ефикасноста на некој лек.

Процесот со кој овој лек им е овозможен на овие двајца пациенти е исклучително необичен и најверојатно е направен достапен со употреба од сожалување, од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД. Оваа употреба дозволува пристап до експериментален лек надвор од клинички тестирања.

Добивањето одобрување за ваквата употреба исклучително е комплицирано и во прашање е долготраен процес, но во овој случај, заразените добиле пристап за третман, за десет дена по заразата со вирусот, тврди Си-Ен-Ен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1