Познатиот рапер Едо Мајка и неговото семејстов преживеале вистинска драма и по вторпат во животот морал да бега од своето семејно огниште. Музичарот кој во последните неколку години живее во Израел морал да ја евакуира својата ќерка Јасмин и сопругата Лила од Тел Авив поради војната во појасот Газа.
– Едо мораше буквално да бега од станот за да не ги убијат. Одлуката ја донел преку ноќ, а со себе ги понел само неопходните работи. Никој во моментот нема контакт со него. Тој инаку треба да настапи на „Пво фест“ во Белград кој е планиран за следната сабота, пренесува српски „Курир“, кој додава дека раперот своето семејство го сместил во Загреб.
Раперот во 1992 година побегнал од село во близина на Брчко во Хрватска. Како и многу други луѓе во војната Едо пребегнал со камион и отишол во Задар, а потоа во Загреб си создал нов дом.
Музичарот во 2012 година во Хрватска се венчаше за својата сегашна сопруга Лила која потекнува од Израел која работи како сценаристка на анимирани филмови.
Раперот претходно шест години беше во брак со поранешната сопруга, Хрватката Лана.