Мајкл Џексон ме силуваше кога имав 7 години


Триесет и едногодишен кореограф тврди дека бил силуван и нарекуван „сине“ од Мајкл Џексон. Вејд Робсон се запознал со кралот на поп музиката, кога имал само пет години и тврди дека починатиот пејач го злоупотребувал од седмата до четиринаесет годишна возраст.

Според него, сексот се случил на ранчот на Мајкл во округот Санта Барбара, како и на други места во периодот од 1990 -1997 година.

koreografТужбата на Робсон е во вредност од 1,62 милијарди долари, а адвокатите на имотот на кралот на поп музиката ги оценија тврдењата како скандалозни и патетични, пишува „Дејли маилl“.

Во тужбата се наведува дека Робсон чисто позирал гол за време на сексуалните акти. Тужбата е поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес, а во документот се наведува дека Мајкл му се заканил на Робсон дека ако некој дознае за она што тие го прават, тоа ќе биде крај на нивната кариерата и оти ќе одат во затвор.

Исто така се наведува дека Џексон го поканил Робсон и неговото семејство да му гостуваат на ранчот во февруари 1990 година. Компанија на Џексон посредувала за издавање на работна виза на Робсон во САД, а ја вработила и неговата мајка Џој во 1991 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1