Овие два дена најударните наслови се „Доаѓа Бранко“, „Сите го чекаа, но Бранко не дојде“, „Бранко пустошеше во Србија“ и слични на нив, мислејќи секако на циклонот кој го погоди Балканот.
Оттаму вчера 24 вести ја прашаа македонската Управа за хидрометеорологија, дали има праска да дава имиња на циклони, на што тие одговорија со „Не“. И така, Бранко не бил од Македонија, туку од Србија.
Имено, Српскиот метеоролошки завод е виновен за името Бранко на циклонот кој вчера го погоди нашиот сосед.
Од регионот, најкреативни билеХрватите кои што оваа година регистрирале 33 циклони. Меѓу нив има имиња како: Ана, Хрвоје, Бруно, Ева, Искра, Јерко…
На Балканот, Македонската управа била единствената која не давала имиња на метеролошките појави.
Според метеролозите, Бранко ќе не посети попладнево.