Тијана киднапирана од лихвари на кого таткото должел пари?


Полицијата, која веќе две недели трага по Тијана, испитува неколку оперативни претпоставки од кои како најсериозна е можноста девојката да е киднапирана од страна на лихвари кои минатиот месец го уценувале нејзиниот татко.

tijana-juric-igor-juric-bajmok-01Полицијата дошла до сознание дека Игор Јуриќ од порано им бил должен на „сомнителни типови“, но дека тој долг кој го имал неодамна го вратил. Меѓутоа, лихварите и Игор не можеле да се договорат за каматата, па затоа полицијата се сомнева дека тоа би можело да биде причина за киднапирање на девојчето.

Постои можност лихварите да се исплашиле по киднапирањето, бидејќи во јавноста брзо се рашири информацијата и полицијата итно почна да работи на терен. Полицијата смета дека Тијана се наоѓа на некоја сигурна локација и дека се држи со намера да се изнудат пари од семејството.

Милорад Вељовиќ, директор на полицијата, изјави дека потрагата по Тијана е приоритет и случајот ќе биде решен што е можно побрзо.

Вељовиќ ова го изјави во Полициската станица во Бајмок по состанокот со претставниците од Управата на криминалистичка полиција и полицијата во Суботица, на кој бил повикан и татко и на Тијана, Игор Јуриќ.

На самиот крај, Вељовиќ вели дека полицијата работи на разрешување на овој сличај и нема да престане се додека Тијана не биде пронајдена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1