Како „Бранко“ го доби името?


Овие два дена најударните наслови се „Доаѓа Бранко“, „Сите го чекаа, но Бранко не дојде“, „Бранко пустошеше во Србија“ и слични на нив, мислејќи секако на циклонот кој го погоди Балканот.

grom-umbrella-man-1Оттаму вчера 24 вести ја прашаа македонската Управа за хидрометеорологија, дали има праска да дава имиња на циклони, на што тие одговорија со „Не“. И така, Бранко не бил од Македонија, туку од Србија.

Имено, Српскиот метеоролошки завод  е виновен за  името Бранко на циклонот кој вчера го погоди нашиот сосед.

Од регионот, најкреативни билеХрватите кои што оваа година регистрирале  33 циклони. Меѓу нив има имиња како: Ана, Хрвоје, Бруно, Ева, Искра, Јерко…

На Балканот, Македонската управа била единствената која не давала имиња на метеролошките појави.

Според метеролозите, Бранко ќе не посети попладнево.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1