880 илјади евра за реконструкција на фасада на улицата „Македонија“


Градот Скопје денеска распиша оглас за избор на градежна компанија што ќе ја изведе реконструкцијата на првиот дел од фасадата на зградата со број 39 на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје.

Извесно е дека главната пешачка зона во метрополата ќе добие уште една барокна фасада во протежираниот стил на проектот „Скопје 2014“. Вредноста на договорот е проценета на 54.114.733 денари или околу 880 илјади евра, без вкалкулиран ДДВ, пишува Build.mk.

06-skopje-old-railway-station-ulica-makedonijaЗа зафатот е изработено идејно решение и е изготвен основен проект, а финансиите се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Градежните компании што се заинтересирани за учество на тендерот ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 26 август 2014 година.

Градската власт досега реконструираше неколку фасади на постоечки објекти во строгиот центар на метрополата, и тоа оние што се протегаат долж улицата „11 Октомври“ и објектот над кафулето „Тренд“. Притоа, без исклучок беше реконструирана само предната фасада од овие зданија. Дел од станарите во неколку наврати се пожалија на недовршените фасади, додека стручната јавност јасно потенцира дека мерките за енергетска ефикасност кај старите објекти е возможно да се спроведат, единствено ако се изврши целосна реконструкција на фасадата, заедно со поставување на нови прозорци на објектот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1